Фудбал

ТРЕБА ЛИ ЧЕЛСИ ДА МУ ДАДЕ ТРЕТА ШАНСА НА МУРИЊО?

Португалскиот стратег наполни 60 години и има активен договор со италијанскиот калчолигаш Рома, кој во неколку наврати рече дека не сака да го прекрши и дека го тера до крај.

Но, сега вика првата љубов, или најголемата љубов: Челси нуди нова прилика за Жозе Мурињо!

Мурињо седеше на сината клупа во два наврата, во периодот од 2004-та до 2007-та и од 2013-та до 2015-та. Во опција е негово трето седнување на жешкото столче. Заслужи ли?