Кошарка

ХАРДЕН НЕМА ДА НАСТАПИ НА ВТОРИОТ ДУЕЛ

Бруклин Нетс ќе бидат значително ослабени во вториот дуел против Милвоки Бакс, бидејќи медицинските испитувања покажаа дека Џејмс Харден нема да може да настапи.

Според Стив Неш, но и официјалното соопштение од клубот, истегнувањето на зглобот е посериозно од првичните најави, но се уште нема потврда дали Харден ќе ги пропушти и другите натпревари од серијата.

Освен Џејмс Харден, во тимот нема да биде ниту Деандре Џордан, а веќе подолго отсутен е и бекот Грин.