КЕНДРИК ПЕРКИНС ГО ПРОЗВА ЛУКА ДОНЧИЌ – НЕ Е ЗА НБА
Објавено на: 04.04.2023
Станува мошне популарно, поранешни играчи да станат коментатори и да зборуваат за својот спорт, а притоа да прават лом врз грбот на актуелните играчи кои настапуваат во одредена лига.

Тоа најеклатантно се случува во НБА лигата. Последна критика во низата е онаа од Кендрик Перкинс на адреса на Лука Дончиќ, која гласи вака:
Лука Дончиќ е одговорен за слабото лидерство во Далас, за лошата одбрана (не знаеме дали лична или тимска?) и за неговото не-фит (се мисли дебелкасто) тело!

Се согласувате? Зборуваме за тинејџерот кој во НБА лигата игра смеејќи се и руши рекорди во сите старосни категории, како што напредува од сезона во сезона.