Фудбал

(ВИДЕО) ЛУКАКУ СЕ НАДМИНА И СЕБЕСИ

Играчот на Интер важи за едно од најголемите промашувања во фудбалот, особено во последните три сезони кога е на релација меѓу Челси и Интер, но ова што го промаши белгискиот интернационалец ги надминува и неговите „способности“:

Интер загуби од Фиорентина со 0:1 и има 50 бода по 28 меча, на третата позиција на табелата која може да ја загуби ако Милан кој има 48 бода победи утре кај Наполи. Што ќе прави Челси со Лукаку, кога Белгиецот ќе му се врати на Лондон летоска?