Фудбал

ИМА ЕДНО НЕШТО ШТО РОНАЛДО И МЕСИ НЕМААТ

Денеска му е роденден на Кларенс Сидорф, холандскиот интернационалец кој настапуваше во првенствата на неговата земја, Шпанија, Италија и Бразил. Пеле го избра за еден од најдобрите 100 играчи на сите времиња, а тој е воедно и еден од најтрофејните холандски фудбалери.

Кларенс Сидорф е роден на 1-ви април 1976-та година, освојуавше титули во домашните првенства со Ајакс, Реал Мадрид и Милан, а играше и за Ботафого. Го сметаат за еден од најдобрите на својата генерација и еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата.

По едно нешто, Кларенс Сидорф е уникатен: тој е единствениот играч кој има (четири) титули во Лигата на шампионите со три различни клуба, освоени со Ајакс во 1995-та, Реал Мадрид во 1998-та и на двапати со Милан, во 2003-та и 2007-та година.