Тенис

СЕ ЌЕ НАПРАВАТ САМО ДА ГО ДИСКРЕДИТИРААТ, А НЕМУ БАШ МУ Е ГАЈЛЕ

Новак Ѓоковиќ е 378 недели на врвот на АТП листата. Тоа е апсолутен рекорд во светот на тенисот, земајќи ги в предвид сите конкуренции. Пред две години, кога српскиот тенисер го надмина учинокот на Роџер Федерер кој беше рекордер со 310 недели на врвот кај мажите, славната американска тенисерка напиша:

Били Џин Кинг која има 79 години и блескава кариера зад себе, ја отвори пандорината кутија, по која сега се поставуваат многу прашања кои во минатото си беа и природно и формално разграничени:

1. Дали треба да ги изедначуваме рекордите на мажите и жените, во случајов ATP и WTA?
2. Дали воопшто треба да има дами во машкиот спорт и обратно, во каква било улога?
3. Дали мажите и жените ќе почнат да играат меѓу себе, во некоја игра на половите?

И, сето ова, се случува затоа што западот едноставно не може да се помири со успех на некој од истокот. Или, затоа што жените (кои некогаш и официјално владееле во општествено уредување наречено матријархат, какво што мажите никогаш немале низ историјата) се уште се борат за некакви права, а ги уживаат сите права на еден слободен човек.