Кошарка

ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР НА КОШАРКАРСКИОТ МОЦАРТ

Пред точно 28 години, на денешен ден големиот Дражен Петровиќ за последен пат ја имаше во рацете портокаловата магија. По квалификациите во Вроцлав, тој загина во сообраќајна несреќа во Германија.

Небитниот меч и поразот од Словенија, во ситуација кога Хрватска веќе имаше пласман на ЕП, се претворија во последна епизода од кариерата и животот на еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт.