Мотоспорт

(ВИДЕО) КАКО ЦУНОДА МУ ДОНЕСЕ ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА ЛЕКЛЕР?

Чарлс Леклер втор пат по ред оваа сезона стигна до пол позицијата, но за да биде случајноста уште поголема, втор пат по ред стигнува по прекин на квалификациската серија.

За разлика од претходните квалификации во Монако, овој пат друг беше „виновен“ за прекинот на квалификациите што автоматски му ја донесе пол позицијата на Моначанецот и на улиците во Баку.

Зад Леклер ќе стартува Хамилтон, па Верстапен, Гасли и Сајнц. Ветувачки стартен ред?