Фудбал

СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ВЕНГЕР И АНЕЛКА?

На денешен ден во 1997-та година, еден нов менаџер во Премиерлигата воведе едни нови стандарди во англискиот фудбал. Неговата екипа секогаш беше во финансиски плус и тој беше единствениот што работеше рентабилно и успешно, истовремено.

Арсен Венгер успеа да го доведе Арсенал до организациска перфекција, пред се затоа што е економист по едукација (Мастерс по економија) и затоа што одлично ги разбираше фудбалските текови. Купуваше евтини играчи и од нив правеше мегаѕвезди.

Еден таков е Никлас Анелка – на денешен ден во 1997-та го купи за 500.000 фунти од ПСЖ, за да го предаде 30 месеци подоцна во Реал Мадрид за 22,5 милиони фунти. Анелка беше првиот потпис во кариерата на Венгер на клупата на Арсенал, од 1996-та до 2018-та година.