Фудбал

ГОЛОТ НА ЕЛМАС ЗА 3:0! (ВИДЕО)

Ељив Елмас повторно се впиша во листата на стрелци на Наполи, овој пат во високата победа против Кремонезе.

Наполитанците имаа убедливи 2:0, но откако влезе нашиот дијамант не останаа на истиот број на погодоци бидејќи стигнаа и до третиот гол.

Погледнете го прецизниот удар на нашиот репрезентативец, кој го постигна својот шести гол во Серија А.