Фудбал

КРАЖБА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА, АРСЕНАЛ ЖРТВА?

Судијата во ВАР собата на премиерлигашкиот меч заборави(л) да нацрта офсајд линија при изедначувачкиот гол на Иван Тони. Според анализата која може да се заклучи од дадената фотографија, очигледно е прекршувањето на правилата од страна на еден фудбалер на Брентфорд:

Кристијан Норгард е во очигледен офсајд, што не беше забележано од страна на арбитрите. Намерно или ненамерно, оставаме на нивната совест. Ако беше нацртана правилната линија, Арсенал можеби немаше да прими гол и сега ќе имаше 8 бода позитива на лидерската позиција.