БЕНЗЕМА, МБАПЕ ИЛИ МЕСИ? ФИФА ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ
Објавено на: 11.02.2023
Светската куќа на фудбалот ги објави трите имиња кои се во најтесниот круг за наградата Најдобар фудбалер на годината за 2022-та, која ќе биде доделена на церемонијата на 27-ми февруари.
На 10-ти февруари беа соопштени следните имиња:
Килијан Мбапе
Карим Бензема
Лионел Меси
Мбапе експлодира во финалето на СП, но неговиот опонент и клупски соиграч Лионел Меси ја освои титулата. Карим Бензема имаше неверојатна сезона со Реал Мадрид во рамките на 2021/22-та.

Во предвид се земаат достигнувањата од 8-ми август 2021-та до 18-ти декември 2022-та година. Според критериумот, кој од овие тројца најмногу го заслужува ова престижно индивидуално признание?