Фудбал

КАНСЕЛО СИ ОДИ ПО КАРАНИЦА СО ПЕП?

Според информации кои доаѓаат од очевидци кои сакаат да останат анонимни, а се лиферувани низ британските медиуми, пред последниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Арсенал се случила кавга меѓу Пеп Гвардиола и дефанзивецот Кансело.

Играчот приговарал затоа што не бил стартер и на тој натпревар, по што се заканил дека ќе си оди од екипата, на што му било одговорено дека може да го напушти клубот. Гвардиола губи контрола во соблекувалната и наскоро може тој да си оди?

Што се однесува до Кансело (28), негова следна дестинација е Баерн Минхен каде португалскиот фудбалер веќе пристигнал и во моментов ги изведува лекарските прегледи, по што ќе биде потпишана позајмица. Откупната клаузула е 70 милиони евра.