Ракомет

ВУЈО СЕ ВРАТИ ДОМА!

Веселин Вујовиќ од следната сезона ќе биде тренер на Вардар 1961, што е негово трето враќање во семејството на „црвено-црните”. Претседателот на клубот, Михајло Михајловски официјално го претстави новиот тренер кој во јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, соопшти македонскиот ракометен шампион.

Вујовиќ беше на клупата на Вардар првпат од 2006 до 2009 година, а потоа и од 2011 до 2013 година. Со него екипата на Вардар ја освои првата титула во СЕХА лигата во 2012 година, има и три титули во првенството во 2006/07, 2008/09 и 2012/13, како и три во Купот на Македонија освоени во 2007, 2008 и 2012 година.

Насловна фотографија: rkvardar.mk
Header фотографија: seha-liga.com