ПОЛЕСНО Е ДА МУ ДАДЕШ ГОЛ НА МИЛАН, ОТКОЛКУ ДА СТАВИШ ПАРИЧКА ВО АПАРАТ ЗА КОКА-КОЛА
Објавено на: 29.01.2023
Миланезите се соочуваат со катастрофална форма во клучниот дел од сезоната и веќе нема сомнеж дека не се конкуренти за одбрана на титулата во Италија.
Го загубија Суперкупот од Интер, а во Купот на Италија испаднаа од Торино во 1/16 финалето. Еве колку лошо игра Милан моментално, на компетитивните мечеви:
Милан – Сасуоло 2:5 (29.01.2023)
Лацио – Милан 4:0 (24.01.2023)
Милан – Интер 0:3 (18.01.2023)
Лече – Милан 2:2 (14.01.2023)
Милан – Торино 0:1 (11.01.2023)
Милан – Рома 2:2 (08.01.2023)
Еве како играше на пријателските, пред крајот на минатата година:
ПСВ – Милан 3:0 (30.12.2022)
Ливерпул – Милан 4:1 (16.12.2022)
Арсенал – Милан 2:1 (13.12.2022)
До каде ќе паѓа формата на росонерите, кои не личат ниту на М од Милан минатата сезона, кога едноставно не знаеја да загубат натпревар?