СОЗДАДОВМЕ ЧУДОВИШТЕ КОЕ ЛЕСНО ЌЕ СТИГНЕ ДО 28 ГРЕН СЛЕМ ТРОФЕИ
Објавено на: 29.01.2023
Дел од тенискиот свет безрезервно му се поклонува на српскиот тенисер за сите достигнувања кои ги оствари во неговата кариера, која е во пикот, додека дел од спортската јавност не се согласува и не ги почитува неговите методи.

Го сакале или не, шампионот и рекордерот мора да се почитува. Ник Кирјос е еден од контроверзните тенисери на денешницата, кој има само пофални зборови за Новак Ѓоковиќ:

Ѓоковиќ го освои рекордниот 10-ти трофеј на Аустралиан Опен и 22-от во кариерата, со што се изедначи со Рафаел Надал. Кој од овие двајца прв ќе стигне до 23 и ќе се издвои на врвот, со оглед на тоа дека следува Ролан Гарос каде Шпанецот е неприкосновен со 14 трофеи?