ГО ИЗЕДНАЧИ РЕКОРДОТ, ЌЕ ГО ПОДОБРИ ЛИ – ДАЛИ НОЛЕ Е НАЈДОБРИОТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА?
Објавено на: 29.01.2023
Имало и ќе има добри тенисери, големи имиња во белиот спорт, но пред фактите и боговите молчат. Со освојувањето на 10-тиот трофеј на Аустралиан опен, односно 22-от Грен слем трофеј во кариерата, српскиот тенисер се исправа на врвот на вечноста.

Рафаел Надал има 22 трофеја, но се мачи со повреда која најмалку два месеца ќе го оддалечи од терените. Новак Ѓоковиќ е во одлична форма и најавува атак на сезонски Грен слем, односно освојување на сите големи турнири во една календарска година.

Веќе постави рекорд во Австралија кој сезонава го подбри, а да не заборавиме и дека сруши голем дел од дригите рекордите. Дали можеме да го прогласиме за најдобар на сите времиња?