СУДОТ ВО ИТАЛИЈА МУ ЗЕДЕ 15 БОДА НА ЈУВЕНТУС
Објавено на: 20.01.2023
Италијанскиот суд нареди дедукција од 15 бода во италијанското фудбалско првенство, што треба да се спроведе веднаш како дел од казната за најтрофејната италијанска екипа поради инволвираност во нелегални финансиски активности, пренесуваат апенинските медиуми.
Федералниот Суд за жалби ја прифати одлуката на обвинителот на Серија А, донесена врз база на истрагата за случајот Поливаленца, кој датира од минатата пролет. Фудбалскиот клуб Јувентус најави жалба до Олимпискиот комитет КОНИ, кој е врховно спортско тело во Италија.

Освен оваа казна, поранешниот претседател на Јуве, Андреа Ањели е казнет со 16 месеци суспензија, поранешниот шеф на операции Фабио Паратичи со 20 месеци и 10 дена, поранешниот спортски директор Федерико Черубини со 10 месеци, а со 12 месеци сите (други) членови на бордот меѓу кои се Павел Недвед и Маурицио Аривабене.
Казни нема за другите инволвирани клубови во овој случај – Емполи, Џенова, Сампдориа, Парма, Пиза, Пескара, Новара и Про Верчели.