Фудбал

ЛЕКЦИЈА ПО СПОРТ ОД ЈУРГЕН КЛОП – НИКОЈ НЕ ПОБЕДУВА СЕКОГАШ

Германскиот стратег е еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, затоа што има модерни сфаќања за спортот и затоа што работи со современ пристап, решавајќи ги проблемите кои се исправаат на патот, со логички и интелигентни потези.

Јурген Клоп му ја донесе посакуваната титула на Ливерпул во Премиерлигата, му донесе триумф во Лигата на шампионите и го врати стаусот на црвените од Енфилд, како една од најдобрите англиски фудбалски екипи во историјата на овој прекрасен спорт.

Никој не победува секогаш. Ова, за мене, е најдобрата професија на светот. Тоа е единственото што знам да го работам.

Мора да знаеме едно, дека ништо не е вечно и дека никој не победува секогаш. Тоа го научив за оие 22 години во улога на фудбалски тренер и менаџер.

Мора да има подеми и падови, тоа доаѓа со „територијата“. Едноставно, сите би сакале да имаат 1.000 победи во 1.000 натпревари, но тоа е едноставно невозможно.

Во 2020-та година, еден навивач (дете) на Манчестер Јунајтед му упати отворено писмо на Клоп со желба германскиот стратег да направи Ливерпул да загуби и да не ја освои титулата.

Германскиот стратег срдечно му одговори дека тоа не е возможно и дека ништо во фудбалот не трае вечно, алудирајќи на шампионските години под палката на Сер Алекс Фергусон.

Може ли да се научи по нешто, од најголемите во спортот?