Фудбал

КОНТЕ И ПАРАТИЧИ ЗАЕДНО ВО ТОТЕНХЕМ?

Поранешниот тренер на Интер и поранешниот технички директор на Јувентус би можеле заедно да се преселат како тандем во клубот од Лондон.

Според Фабрицио Романо од Скај Спорт, преговорите се во напредна фаза, а доколку се постигне договор се очекува истиот и брзо да се официјализира. Во трка за тренерското место во Тотенхем е и Маурицио Сари, но медиумите наведуваат дека сопственикот на Лондончани би му дал предност на доскорешниот тренер на Интер.

Конте на клупата на Тотенхем би заработувал 15 милиони евра годишно, а како поддршка би го имал и Фабио Партичи со кого работеа заедно во Јувентус, а кој неодамна беше отпуштен од Јувентус поради лошите резултати оваа сезона.

Се очекува доаѓањето на Конте да го убеди Хари Кејн во проектот на Леви, со кого конечно би атакувале на шампионската титула.