Фудбал

ДО КОГА ИЗЛОГОТ ЌЕ ИМ ИЗДРЖИ НЕИСКРШЕН?

Општо е познато ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид, на сите нивоа во животот во Шпанија. Каталонците со векови сакаат да се отцепат, Кралството тоа не го дозволува. Мечевите меѓу овие две екипи се вулкански ерупции, без разлика кога, каде или меѓу која секција се играат.

Барселона го отвори првиот фан-шоп со опрема од овој клуб, кој е лоциран во престолнината Мадрид во близина на Puerta del Sol, во историската Palacio de Gavira. На отворањето на продавницата беа Xavier Barbany, директорот на ролер-хокеј секцијата и поранешниот играч Luis García.

Провокацијата е евидентна, а прашањето е – до кога ќе им стојат на Каталонците, стаклата во излогот, неискршени?