Фудбал

РАКИТИЌ ЌЕ ГО ЧАСТИ ЛУКАКУ МЕСЕЦ ДЕНА ОДМОР ВО СПЛИТ

Хрватска се пласирашe во осминафиналето од Светското првенство во Катар, благодарение на нерешениот резултат против црвените ѓаволи и како второпласирана ќе „вкрсти“ со Јапонија.

Можеби исходот на вчерашниот натпревар немаше да биде таков доколку Лукаку погодеше еден од трите зицери кои ги имаше во второ полувреме. Белгискиот напаѓач ја погоди еднаш стативата, а два пати се посрамоти промашувајќи речиси празен гол.

Поради таквиот перформанс на играчот на Интер, Иван Ракитиќ на „лајв“ на Инстаграм прокоментира:

Напред Лукаку. Мораме да му платиме еден месец одмор во Сплит.

 

За разлика од него, Перишиќ по натпреварот за медиумите прокоментира дека го тешел Лукаку и дека фудбалот е таква игра во која и на најдобрите може да им се случи ова.

Бев со него 2-3 минути на крајот. Го тешев и му кажав дека фудбалот е таква игра. Денес даваш гол, утре не. Му посакувам се најдобро и се надевам дека со Интер ќе ги освои сите трофеи оваа година.