ГЕРМАНЦИТЕ И БЕЛГИЈЦИТЕ НЕ ЈА ФЕРМААТ ФИФА, А ПАТЕМ И ЈА ТУЖАТ НА СУД
Објавено на: 24.11.2022
Катар и ФИФА забранија носење на боите на виножитото на стадионите и на местото на капитенските ленти на теренот, но министрите на Германија и на Белгија допатуваа како мува да не ги лази и ги носеа истите на рацете, за време на дуелот меѓу Белгија и Канада.
Да биде трагедијата уште поголема, истите тие кои ги носеа овие бои, седеа до Џани Инфантино и разговараа со него, со претседателот на ФИФА. Ниту реагираше обезбедувањето на стадионот, кое претходно ги одземаше капите на навивачите во истите бои, ниту пак раководните лица на ФИФА во чија ложа седеа споменатите политичари.

Репрезентациите кои најавија, се откажаа од носење капитенски ленти со боите на виножитото. Германската селекција тренирала во дресови со боја на виножитото и се сликаше со покриени усти, како знак на протест. Најверојатно затоа Јапонија ги тресна 1:2.

Наводно, Германија ја тужи ФИФА затоа што на луѓето им биле ускратени правата на изразување, што билo еднакво на кратење на правто на глас. Кој е тука во право, кој ја има силата и каде е правдината?