Фудбал

КАНАДА ЈА ЗАКЛАА ИНСТРУИРАНИ ИЛИ НЕКАДАРНИ СУДИИ?

Канада одигра фантастично прво полувреме, Белгија не можеше да излезе од 16-кот. Тоа беше можеби најубавиот фудбал на ова СП, досега. Уште во 9-та минута Канаѓаните добија заслужен пенал. За нивна несреќа, Куртоа беше расположен, нешто како во финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Да се вратиме на насловот:

– Судијата не досуди очигледен пенал, реагираше ВАР.
– Арбитрите пропуштија уште два пенала за Канада.
– Досуден непостоечки офсајд.
– Премногу мали и големи грешки на судијата, односно судиите.
– Лоша соработка, слаб говор на телото на главниот арбитар.

Судијата е од Замбија, се вика Џани Сиказве, двапати досуди крај на еден ист натпревар, годишно има половина полувреме квалитетен фудбал за судење, добива шанса на СП. ВАР судијата беше од Венецуела, има слично портфолио. Ова е смотра на најдобрите или добротворна организација? Кој сака да суди финале, нека се пријави на fifa.com.

Монтажа или случајност? Премногу случајности видовме во мал временски период…