КАКО СЕ ВИКА ПРОСЛАВАТА НА ИГРАЧИТЕ НА ЕКВАДОР И ШТО ЗНАЧИ?
Објавено на: 20.11.2022
Играчите на Еквадор имаа успешен старт на светското првенство, победувајќи ја домашната репрезентација на стадионот Ал Баит со 2:0 во рамките на првото коло во групата А, во која утре од 17:00 часот следниот меч ќе го одиграат Холандија и Сенегал.
Прославата на головите на репрезентативците на Еквадор беше забележана уште на претходното светско првенство, а изгледа вака:

Прославата на голот се вика „ананас“ и нема некое посебно значење, туку едноставно благодарност кон Бога за дадениот гол. Поголемиот дел од населението во Еквадор, односно преку 80% е од христијанската римо-католичка вероисповест.