КОМЕНТАТОРОТ НА АРЕНА ИЗМОНТИРА СРПСКА ПЕСНА НА ПРЕСОТ НА СПОРТКЛУБ
Објавено на: 31.05.2021
Во постефектот по освојувањето на титулата, кошаркарските љубители не бираат средства да го доловат начинот на кој ја доживеаја победата на турската екипа Анадолу Ефес против фаворизираната Барселона, или барем со своите објави да го привлечат вниманието на јавноста.
Коментаторот на Арена Спорт, Един Авдиќ на профилот Един Енциклопедија, или администраторот на тој профил, кој и да е, како позадински тон на прес-конференцијата на истанбулскиот кошаркарски клуб, го вметна хиот на Недељко Бајиќ Баја, со налсов „Коктел љубави“.
ТВ правата за Евролига за веќе минатата сезона, ги имаше телевизиската платформа Спотклуб, регионалниот ривал на Арена Спорт во битката за што поголем број претплатници.