Фудбал

БИЕЛСА ИМ ДРЖЕЛ ПРЕДАВАЊЕ НА ПОЛЈАЦИТЕ

Полската фудбалска федерација се обратила кај „лудиот“, кој важи за еден од најдобрите стратези на својата генерација, но и воопшто што фудбалот некогаш го има видено. Аргентинецот Марсело Биелса имал полни раце работа, со цел да им долови на полските фудбалери каде грешат и што треба да корегираат во својата игра.

Аргентинскиот стратег роден 1955-та година последен пат седеше на клупата на Лидс (2018-2022), а сега одмора од фудбалот и држи лекции. Ги гледал последните 50 натпревари на полската репрезентација, меѓу кои и оние со Македонија, по што подготвил репорт за 65 различни фудбалери.

Што им напишал Биелса на Полјаците останува мистерија, но како ќе реагираат европските фудбалери на совеите на јужноамериканскиот стратег?