Врз основа на член 77 и 78 од Законот за игри на среќа и забавните игри (Службен весник на РСМ бр.24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/16 и 178/16) организаторот на посебни игра на среќа во обложувалница – Друштво за спортски обложувалници и игри на среќа, трговија и услуги ЗЛАТНА КОПАЧКА – ЕДЕН ДОО Скопје на ден 27.04.2022 година донесе:
ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ
НА РЕЗУЛТАТИ НА РАЗЛИЧНИ СПОРТСКИ НАСТАНИ
Назив и седиште на Приредувачот на “Игри на среќа во обложувалница”
ЧЛЕН 1
Приредувач на игри на среќа во обложувалница е: Друштвото за спортски обложувалници и игри на среќа, трговија и услуги ЗЛАТНА КОПАЧКА – ЕДЕН ДОО Скопје, ул Борис Трајковски бр. 164, Скопје, општина Кисела Вода (во понатамошниот текст Приредувач).
Име, опис, место и времетраење на играта на среќа
ЧЛЕН 2
Приредувачот приредува обложување на посебните игри на среќа “Игри на среќа во обложувалница” во времетраење на добиената лиценца од Владата на РСМ, почнувајќи од датумот на добивање на лиценцата.
Приредувањето на игрите на среќа обложување, односно примањето на уплатите и исплаќањето на добивките од обложувањето, се вршат во таканаречените уплатно–исплатни места на Приредувачот.
ЧЛЕН 3
Предмет на обложување претставува обложувањето на резултатите или конечните исходи на различни спортски натпревари или други видови на реални настани, било да се идни или додека се во тек (обложување во живо), односно обложување на резултатите на поединечни или групни спортски натпревари, трки и сл, како и обложување на танцови, пеачки, музички и слични натпреварувања или други натпреварувања кои може да се одвиваат во земјава или странство и кои приредувачот ќе ги понуди на учесниците во обложувањето.
ЧЛЕН 4
Учесникот во обложувањето (играчот) може да се обложува на следните групи, видови или типови игри:
За голем дел од горенаведените игри, во зависност од спортот, значењето е исто, но може да се јави различна терминологија, како што е:
Посебни типови на игри може да има во понудата за обложување кога Приредувачот ќе нагласи дека се однесуваат за некој од натпреварувачите или некоја од екипите дали ќе помине во следната фаза на натпреварувањето, или може да се даде и понуда за индивидуален учинок за некои натпреварувачи за остварени поени, асистенции, бодови…
Во понудата за обложување може да се понудат и долгорочни типови, во стилот на освојувач на лига, куп, шампионат, што зависи од самиот спорт, и за овие облози играчите мораат да го чекаат финалниот исход од самото натпреварување за кое се обложиле.
ЧЛЕН 5
Приредувачот секој вторник и петок во неделата, издава печатено издание – билтен, во кој се наведуваат коефициентите на типовите и видовите на игри за понудените натпревари кои се предмет на обложувањето. Во случај да нема нов билтен со понуда во вторник или петок, Приредувачот истото однапред ќе го најави.
На дневно ниво, Приредувачот може да издава додаток на понудата за обложување, која ќе ги содржи сите потребни елементи за да играчите можат да се обложуваат без потешкотии, при што самиот додаток може да содржи и правила и инструкции за обложувањето на дадената понуда и кои игачите треба да ги почитуваат при обложувањето.
Услови за учество во играта на среќа
ЧЛЕН 6
Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придржуваат и да ги прифатат пропишаните правила на игра од страна на Приредувачот.
За лица под 18 години забранет е влезот во уплатно – исплатните места на Приредувачот.
На лица под 18 години не им е дозволена уплата на тикети.
Приредувачот има право да побара важечка исправа за идентификација поради сомневање дека лицето нема наполнето 18 години.
ЧЛЕН 7
Учесниците пополнуваат тикети за погодување на резултати на натпреварите, за кои ги обележуваат најважните елементи потребни за учество во обложувањето.
На секој тикет треба да се наведат шифрите на одиграните натпревари, типот на игрите и саканиот износ на уплата, како и бројот на одиграни комбинации во случај на системски тикет, во спротивно уплатата нема да биде реализирана поради недефинирани параметри при обложувањето.
Во случај Приредувачот да пропише услов за минимален број на натпревари за одреден тип на игри кои мора да бидат одиграни на тикетот на играчот, истиот мора да се исполни од страна на играчот, во спротивно уплатата на облогот нема да биде реализирана.
ЧЛЕН 8
Со извршена уплата од страна на вработените кај Приредувачот, играчите добиваат отпечатен тикет, кој треба да го чуваат кај себе и со самото тоа, потврдуваат дека безусловно ги прифатиле правилата на игра пропишани од страна на Приредувачот.
Висина на влогот, број на натпревари и краен рок за уплата во играта на среќа
ЧЛЕН 9
Минималниот износ на уплата е 20 денари по тикет.
Во случај на одигран системски тикет, минималната уплата по комбинација може да биде најмалку 1 денар, но тикетот не може да биде уплатен под прагот од 20 денари.
Максимален број на натпревари кои можат да бидат одиграни на еден тикет е 50.
Износот на минимална уплата, како и максималниот број на одиграни натпревари може да се менува по претходна најава и објава, и е дискреционо право на приредувачот. За секоја евентуална промена на минималната уплата или максималниот број на натпревари за еден тикет, Приредувачот е должен навремено да објави на видно место во објектот, на својот веб сајт или во билтен.
ЧЛЕН 10
Уплатата е важечка доколку е уплатена пред почетокот на натпреварот. Се препорачува играчите да ги уплаќаат своите тикети најмалку 15 минути пред почетокот на натпреварот и истите да ги проверат, за да има време за евентуална измена на нивните тикети во случај на грешка, или пак ако самите играчи имаат желба за некаква измена.
Сторнирањето на тикетите е возможно само 15 минути по уплатата на тикетите (доколку нема започнат натпревар), сите подоцнежни рекламации и жалби не се признаваат.
Вид и вкупна вредност на добивките
ЧЛЕН 11
Добитна комбинација е онаа која нема ниту еден промашен тип.
Добитна комбинација на тикет може да има и доколку приредувачот понуди облози кај кои играчот дури и со еден или повеќе промашени натпревари исполнува зададени услови (системски тикети).
Приредувачот, на своја иницијатива, може да понуди и одреден тип на натпревари да имаат повисоки коефициенти, или пак да се додава бонус, во вид на процентуално зголемување на потенцијалната добивка на играчите, во случај на исполнување на одредени услови при уплатата на тикетите, кое однапред ќе биде најавено и дефинирано.
Исто така, Приредувачот, на своја иницијатива, може да понуди на играчите и опција за предвремена исплата, таканаречена “Cash Out“ исплата, при што играчот доколку има погодено еден дел од натпреварите на неговиот тикет, за останатите незапочнати натпревари би добил понуда за одреден износ на исплата, што ќе се добие како математички еквивалент од коефицинетите на погодените и незапочнатите натпревари и истиот го одредува Приредувачот. Во тој случај, и при ваков вид на исплата, овој тикет ќе добие статус на добитен тикет.
Максималната добивка на еден тикет зависи од бројот на одиграни натпревари.
Од 1-20 одиграни натпревари, максималната добивка по тикет изнесува 1.500.000 денари.
Од 21-30 одиграни натпревари, максималната добивка по тикет изнесува 3.000.000 денари.
Од 31-50 одиграни натпревари, максималната добивка по тикет изнесува 6.000.000 денари.
Износот на максимална добивка може да се менува по претходна најава и објава, и е дискреционо право на приредувачот. За секоја евентуална промена на максималната добивка по тикет, приредувачот е должен навремено да објави на видно место во објектот, на својот веб сајт или во билтен.
Начин, постапка и контрола на утврдување на добивките
ЧЛЕН 12
Важечки е резултатот постигнат во регуларниот тек од натпреварот, трката или настанот во зависност од самиот спорт ( 90 минути, 48 минути, 60 минути, 40 минути итн.), а продолженијата не се земаат во предвид, освен ако не е поинаку нагласено.
Веродостојноста на резултатот од некој натпревар или настан, како и име на стрелци, остварени поени, број на картони, корнери, пенали и сл. се потврдува од официјалните интернет страни за секое натпреварување.
Во случај на дисквалификација на некој натпреварувач по завршувањето на натпреварот, или пак дојде до прогласување на службена победа за некоја екипа од било кои причини, исто по завршувањето на регуларниот тек на натпреварот, тој исход нема да се земе во предвид и важечки резултат ќе биде остварениот резултат во регуларниот тек на натпреварот/натпреварувањето.
ЧЛЕН 13
Во случај на одложување на еден натпревар од било кои причини, но кој ќе започне во рок од 72 часа од првичниот предвиден термин за натпреварот, постигнатиот резултат ќе биде важечки за сите типови на игра.
Во случај на одложување на еден натпревар од било кои причини и доколку истиот не започне во рок од 72 часа од првичниот предвиден термин, за тој натпревар ќе се пресметува коефициент 1 за сите типови на игра.
ЧЛЕН 14
Во случај на прекин на одреден натпревар од било кои причини, се чека 72 часа за негово доигрување или преигрување, при што натпреварот ќе се регистрира и обработи согласно со постигнатиот резултат од доигрувањето или преигрувањето.
Доколку пак натпреварот не се доигра или преигра во рок од 72 часа, без разлика на моменталниот резултат или изминатото време од времетраењето на натпреварот, за тој натпревар за сите игри се пресметува коефициент 1.
Кај фудбалските натпревари, исклучок од правилото дефинирано во став 2 од овој член, е кога прекинот ќе настане после првото полувреме, т.е. ако првото полувреме е официјално завршено и има потврден резултат, во тој случај, за сите типувања кои се поврзани со резултатот во првото полувреме или се завршени како настан во првото полувреме (пр. тип за прво полувреме, голови за прво полувреме, опсег на голови во прво полувреме, прв дава гол доколку е паднат првиот гол во прво полувреме, голови на тимови во прво полувреме, итн, итн…), обработката на тие типови ќе биде реализирана со постоечкиот резултат од полувремето. За сите типови, кои се поврзани со резултатот од крајот на регуларното време на натпреварот, или пак се комбинација од игри за полувреме и за крај, како и игри кои се однесуваат само за резултатот од второто полувреме, останува обработката да се пресмета со коефициент 1, без разлика дали се типовите погодени во моментот на прекинот (пр. конечен тип, полувреме-крај, вкупно голови, опсег на голови, голови во прво и/или второ полувреме, голови за тимови, двата тима даваат или не даваат гол, ГГ/НГ комбинации, тип и голови за второ полувреме, итн, итн…).
ЧЛЕН 15
Во случај на грешка од страна на Приредувачот врзана за времето или местото на одигрување на натпреварот, Приредувачот го задржува правото тој натпревар да го прогласи за неважечки и да го обработи со коефициент 1.
Доколку се утврди дека во понудата за обложување е даден погрешен пар или натпреварувач, Приредувачот го задржува правото тој натпревар да го прогласи за неважечки и да го обработи со коефициент 1.
Во случај одреден натпревар/настан да започне пред датумот и времето наведени во билтенот, а постојат тикети што се уплатени после реалниот почеток на конкретниот натпревар, исто така за тој натпревар ќе се обработи коефициент 1 за сите типови и игри на тикетите кои се уплатени по реалниот почеток на натпреварот.
Покрај ова, доколку на одреден натпревар/настан се утврди евидентна грешка врзана за објавените коефициенти/хендикепи/граници од страна на Приредувачот, т.е. коефициенти кои значително се разликуваат од пазарот на коефициенти во државата или светската берза на коефициенти, или пак коефициентите се обратно поставени во однос на фаворитот на натпреварот, типовите изиграни со овие коефициенти, Приредувачот ќе ги поништи и пресмета со коефициент 1.
ЧЛЕН 16
Приредувачот го задржува правото да врши измени на коефициентите од натпреварите објавени во тековниот билтен, аналогно на измените на коефициентите кои се случуваат на светско ниво на обложувалници. Измените на коефициентите ќе бидат благовремено ажурирани на веб сајтот на Приредувачот и за играчите се важечки коефициентите во моментот на уплата кои ќе бидат прикажани на самиот тикет.
ЧЛЕН 17
Специјални правила по спортови, трки или типови на игри кои може да се разликуваат од генералните и се специфични за тој одреден спорт, настан или вид на обложување.
Правила за фудбал:
Правила за кошарка/ракомет:
Правила за тенис:
Правила за формула:
Правила за бејзбол:
Правила за обложување во живо:
Начин на објавување на резултатите од играта на среќа
ЧЛЕН 18
По завршување на натпреварите, резултатите од игрите на среќа во обложувалница, Приредувачот ги истакнува на огласна табла или на својот веб сајт.
Добивките на тикетите се утврдуваат со компјутерска обработка на сите уплатени тикети, по утврдувањето на званичните резултати од секој понуден натпревар.
Начин и рок на исплата на добивките
ЧЛЕН 19
Исплатата на добитните тикети се врши после 2 часа од завршувањето на последниот натпревар на тикетот, а најдоцна во рок од 60 дена откако е тикетот обработен. Доколку учесникот не дојде за исплата во предвидениот рок од 60 дена, се смета дека се откажал од исплатата и приредувачот го задржува правото да не ја исплати добивката на играчот.
Право на исплата има само оној играч кој ќе го приложи оргиналниот тикет. Без приложување на истиот, Приредувачот нема обврска да му исплати добивка на играчот кој го загубил/оштетил тикетот.
ЧЛЕН 20
Исплатата на добивките со вредност помала од 500.000 денари во нето износ, се врши на уплатно-исплатно место на приредувачот.
Исплатата на добивките во вредност еднаква или поголема од 500.000,00 денари во нето износ, се врши на трансакциска сметка на добитникот, во рок од 3 работни дена.
При исплатата на добитниот тикет, играчот мора да се идентификува со лична карта или пасош за целите на данок на личен доход.
Приредувачот се обврзува на играчот со добитниот тикет да му издаде потврда за извршената исплата согласно законот за личен доход.
Играчот на кој му се исплаќа добивката за добитниот тикет, задолжително на потврдата од став 4 од овој член, своерачно внесува име и презиме, како и краток потпис. Приредувачот задржува еден примерок од потпишаната потврда.
ЧЛЕН 21
Секој поединечен добитен тикет согласно Законот за игри на среќа, подлежи на персонален данок кој изнесува 15 % од реалната добивка (разликата помеѓу добивката и уплатата на тикетот).
Персоналниот данок автоматски се одбива од вкупната добивка на добитниот тикет, и остатокот се исплаќа на играчот.
Приредувачот е должен да го уплати персоналниот данок за секој тикет.
Приередувачот е должен да води евиденција за сите добивки и добитници кои подлежат на персонален данок.
Лица под 18 години немаат право за исплата на добитни тикети.
Завршни одредби
ЧЛЕН 22
Приредувачот овие правила ги истакнува на видно место во своите објекти, како и на својот веб сајт, и на тој начин се смета дека секој играч ги познава и во целост ги прифаќа правилата за игра.
ЧЛЕН 23
Правилата на игра стапуваат на сила од денот на нивното објавување.
ЧЛЕН 24
Учесниците имаат право на приговор по било кој основ во рок од 8 дена од завршувањето на последниот натпревар на тикетот.
Приредувачот се обврзува да одговори на приговорот во рок од 8 дена од приемот на истиот.
За било каков спор помеѓу учесниците во играта и приредувачот, кој не може да се реши со меѓусебна спогодба, надлежен е Основен Граѓански Суд Скопје.
ЗЛАТНА КОПАЧКА – ЕДЕН ДОО СКОПЈЕ
Управител
Иван Ристовски