Фудбал

РЕАЛ ПОБЕДИ ВО ЛШ, А МУРИЊО ПОЧНА ДА СЕ ЖАЛИ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕЛ КЛАСИКО

Реал Мадрид е еден од петте клубови кои имаат перфектни девет бодови по првите три меча во Лига на шампиони. Кралскиот клуб убедливо со 4:1 славеше над Лајпциг на „Сантијаго Бернабеу“. Ова е трет натпревар по ред на кој Реал постигнува четири погодоци, а интересно е дека тренерот Жозе Мурињо беше лут што неговиот тим прими еден гол.

Португалскиот стратег ги обвини фудбалерите што дозволија Тибо Куртоа да прими гол и да нема „чиста мрежа“.

„Куртоа не заслужи да го прими тој гол. Имаше две фантастични одбрани и едноставно на крајот не заслужи да прими гол. Соиграчите му го уништија моментот да остане со чиста мрежа“, рече Мурињо, а потоа се осврна на тоа што следува за Реал, а тоа е дуелот против Барселона во неделното „Ел Класико“.

Португалскиот стратег на чело на Реал, веднаш најде забелешка за тоа дека неговиот тим има еден ден помалку за одмор пред Ел класико, потенцирајќи дека Барселона својот меч во Лига на шампиони го играше во вторникот, а Реал во среда.

„Веќе од сега имаме 24 часа помалку време за одмор и подготовка за Ел Класико од Барселона. Мечот против Барселона не е обичен првенствен дуел. Тоа е нешто посебно“, рече Мурињо.