ГЕРМАНЕЦОТ Е ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА НОВ ТРЕНЕР НА ЈУВЕНТУС
Објавено на: 31.10.2026
Јувентус не ја започна сезоната во Серија А како што посакуваше, па по само девет кола веќе има двоцифрено заостанување во однос на водечките Интер и Рома. Старата дама освои само 14 бодови и е на осмото место на табелата, победувајќи само еднаш во последните четири кола.
Поради серијата лоши резултати, се погласни се шпекулациите дека тренерот Лучано Спалети може да добие отказ, а веќе има и шпекулации кој може да го наследи на тренерската клупа. Најновите шпекулации од Италија најавуваат дека германскиот стратег Јулијан Нагелсман е главен фаворит за наследување на Спалети.
„Јувентус контактираше со Нагелсман. Германецот сега е една од главните опции, ако се одлучат да го заменат Спалети“, се наведува во шпекулациите.
Нагелсман летово ја предводеше репрезентацијата на Германија на Светското првенство, но по разочарувачкиот настап и елиминацијата од Парагвај, доби отказ. Претходно има работено и во Баерн Минхен со кој ја освои титулата во Германија, а бил и на чело на екипите на Лајпциг и Хофенхајм.
Своевремено Нагелсман беше најмлад тренер во Бундеслигата, а сега на 39 години може да го добие и првиот предизвик да работи надвор од Германија.
Јувентус утре игра против Наполи и многумина сметаат дека тоа е последна шанса за Спалети. Доколку Старата дама не го победи наполи, многу веројатно дека Спалети ќе треба да ги пакува куферите, а Нагелсман сега е прва опција за негов наследник.