АГЕНТОТ НА ВИНИСИУС ОТКРИВА НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ, БРАЗИЛЕЦОТ РЕКОЛ „ДА“ НА АНГЛИСКИОТ ГИГАНТ
Објавено на: 21.10.2026
Ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Жуниор сериозно размислувал да го напушти шпанскиот гигант, потврди и неговиот агент Мајкл Јормарк. Изборот на бразилскиот репрезентативец би бил Арсенал. Голгетерот не бил задоволен од Реал затоа што клубот не му ги прифатил условите што тој ги барал, па веќе бил пред излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“.
„Дали некогаш Вини сериозно размислувал да замине во Арсенал? Секако дека да. Кога клуб како Арсенал ќе ве пречека со црвен тепих и ќе почувствувате дека сте посакувани, едноставно морате да ја разгледате понудата“, вели Јормарк, но потоа се случило пресврт.
Винисиус летово доби ново договор со Реал Мадрид според кој ќе заработува близу 600.000 евра неделно, а важи до 2032 година.
„Срцето на Вини е во Мадрид. Тој навистина сакаше да биде таму и се надева дека ќе остане таму до крајот на кариерата“, вели Јормарк.
Драмата околу тоа каде Винисиус ќе игра во новата сезона траеше речиси цело лето, но на крајот тој остана меѓу Кралевите. Бразилецот не блеска оваа сезона. Има постигнато само еден гол и запишано три асистенции во сите натпреварувања.
Моментално издржува и суспензија од четири натпревари во Ла Лига поради црвениот картон заработен на дуелот против Вилјареал.