СУДИЈАТА ШТО ЌЕ ЈА ДЕЛИ ПРАВДАТА МЕЃУ ХОЛАНДИЈА И АНГЛИЈА ИМА ОТСЛУЖЕНО СУСПЕНЗИЈА ЗА МЕСТЕЊЕ НАТПРЕВАРИ
Објавено на: 08.07.2024
Германскиот арбитар Феликс Цвајер е судијата што ќе ја дели правдата во второто полуфинале од Европското првенство, меѓу Холандија и Англија кое е предвидено да се одигра во среда.
Ова ќе му биде четврти натпревар на ова ЕП на кој ќе суди, а за домашната јавност е добро познат како судија кој во 2005 година отслужи суспензија од шест месеци за примање мито и местење натпревари.
Инаку, Цвајер претходно судеше на мечевите Италија – Албанија и Португалија – Турција во групната фаза, додека сега на Лалињата ќе им суди по вторпат на овој шампионат, откако претходно ја делеше правдата во 1/8 финалниот дуел меѓу Холандија и Романија.