ЗНАЕВТЕ ЛИ ДЕКА ЧЕЛСИ ИМА АКАДЕМИЈА, А НЕ БАРСА?
Објавено на: 23.10.2021
Годините поминуваат, од фамозната Ла Амсија нема ништо ново. Затоа, пак, од Кобем излегуваат деца како од поплава. Победата против Норич е значајна од неколку аспекти.
Прво, затоа што сите 7 гола беа постигнати од играчи од споменатата школа. Второ, затоа што и две асистенции направија играчите од истата академија, со име Кобем.
Masterclass from Chelsea#CHENOR pic.twitter.com/2t4SgR5yCY
— Premier League (@premierleague) October 23, 2021
Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во новата сезона е лидер во Премиерлигата. Точно е дека купува скапи играчи, но само затоа што веќе нема евтини на пазарот.
Канте и Ацпиликуета заедно не чинеа ни 50 милиони евра, а донесоа трофеј во ЛШ. Воендо, поевтино купените играчи, од Челси скакпо се продаваат (Азар: од Лил за 35, во Реал за 100).