ЗЛАТНА КОПАЧКА Е ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА „ВРАЌАЊЕТО ОД ПЕНЗИЈА“ НА ЗЛАТКО КАЛИНСКИ
Објавено на: 09.11.2022
Дали и ти како и ние не можеше да издржиш уште еден Мундијал без гласот на легендарниот Златко Калински?
Токму поради тоа, се одлучивме да го „вратиме“ Златко Калински од заслужената пензија, 5 години по неговиот последен спортски коментаторски ангажман.
Уживајте во новото подкаст шоу на неповторливиот Калински, во кој покрај него, ќе продефилираат големи спортски имиња од земјата и регионот.
Заследи го каналот и уживај во неговата магија сега и кој знае кога пак.
Прва емисија од новото подкаст шоу: