Фудбал

ЗЛАТАН МУ ЈА ПЕЕ „ЛУДА ЗА ТОБОМ“ НА ТИЕРИ АНРИ

Златан Ибрахимовиќ повторно стана хит на социјалните мрежи, но овој пат не поради некоја легендарна изјава или фудбалски потег, туку поради музички избор.

За време на програмата на американската телевизија Фокс, каде што заедно со Тиери Анри работи како стручен коментатор на Светското првенство, Ибрахимовиќ беше забележан како му ја пушта песната „Луда по тебе“ на легендарниот Французин.

Снимката брзо стана вирална, а многумина со насмевка коментираа дека веројатно никогаш не очекувале да го видат Анри како слуша балкански турбо-фолк хит во друштво на Златан.

Сепак, оние што подобро го следат Швеѓанецот знаат дека ова не е никакво изненадување. Ибрахимовиќ во повеќе наврати во минатото зборуваше за својата почит кон балканската музика, а особено кон Лепа Брена, со чија песна се појави на италијанскиот фестивал Сан Ремо.

Неговите врски со Балканот се добро познати, имајќи предвид дека неговиот татко е од Босна и Херцеговина, па балканската музика отсекогаш била дел од неговото секојдневие.

Интересно е што ниту Анри не е целосно далеку од регионот. Неговата сопруга има потекло од Босна и Херцеговина, па постои можност некои од овие хитови веќе да му биле познати.

Во секој случај, сцената во студиото на Фокс предизвика бројни реакции меѓу љубителите на фудбалот, а интересна е и реакцијата на американскиот соговорник кој љубопитно го прашува кој е изведувачот на оваа песна.