Фудбал

ВРЕМЕ ЛИ Е ЗА ПРОМЕНИ ВО НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА?

Македонија обезбеди едно европско првенство во својата историја, преку натпреварите во рамките на Лигата на нациите и на изданието 2020 (во 2021-та) учествувавме на континенталниот собир на најдобрите репрезентации на Стариот континент.

Имавме свои светли минути и потоа, со победата против Германија во квалификациите за претходното светско првенство каде бевме втори во групата и влеговме во бараж, каде пак победивме против Италија па бевме поразени од Португалија, но оттогаш нашата селекција оди само надолу.

Не се проблем поразите, туку висината на истите. Од Англија бевме прегазени со 7:0, сега сме на прагот на нов голем пораз од Италија, затоа што губиме 3:0 на полувремето и немаме игра која ветува дека можеме да извлечеме некаков чесен пораз или позитивен резултат. Кога помисливме дека веќе не сме „мала“ селекција, се вративме на „тешки“ дуели и со слаборангираните.

Време ли е за промени во нашата репрезентација? Што треба да се смени?