Тенис

ШАМПИОНСКИОТ ШПАЛИР И ОГНОМЕТ ЗА НОЛЕ ВО БЕЛГРАД

Во доцните синоќешни часови, победникот на годинешното издание на Ролан Гарос, во својот роден град ја прослави 19-та Грен слем титула во кариерата, втора освоена во Париз. Тој е првиот човек во модерната тениска ера, со по два трофеја освоени на сите 4 големи турнири.

Следува пауза од два дена, па потоа подготовките на Мајорка, за третиот календарски турнир „што се брои“. Вимблдон е следната станица на најдобрите светски тенисери, потоа на програмата се Олимписките игри во Токио во август и УС Опен на Флашинг медоуз во Њујорк, во септември.

Целта на Новак Ѓоковиќ е освојување на „Златен слем“, односно прво место на сите 4 Грен слем турнири и златен медал на ЛОИ, во рамките на една тениска календарска година, а потоа атак на „Супер слем“, победа и на финалниот АТП турнир што се одржува на крајот на секоја сезона.

Дали српскиот тенисер има сила и може да стигне до овие грандиозни остварувања?