РОНАЛДО УВЕРУВА ДЕКА Е ВО ВРВНА ФОРМА
Објавено на: 12.06.2026
Кристијано Роналдо не остана должен на критиките што ги доби пред почетокот на Светското првенство. Капитенот на Португалија мораше да одговара на прашања за својата форма по неубедливите настапи во подготвителните натпревари против Чиле и Нигерија, во кои Португалците славеа со по 2-1, а Роналдо пропушти неколку добри можности за гол.
Пред заминувањето во САД, каде што Португалија ќе биде сместена во Палм Бич за време на турнирот, легендарниот напаѓач разговараше со новинарите во тренинг-центарот во Оеираш и јасно порача дека не е загрижен за својата форма.
Физички се чувствувам добро. Зарем не ги гледавте натпреварите? Мислам дека сум во добра форма.
Португалската ѕвезда истакна дека подготвителните натпревари не се вистински показател за тоа како ќе изгледа репрезентацијата на Мундијалот.
Имаме многу добра генерација и сигурен сум дека оваа генерација ќе му донесе многу радост на португалскиот народ. Подготовките беа одлични, иако беа многу напорни затоа што работевме навистина до максимум.
Тој нагласи дека е сосема нормално играчите да не бидат во идеална форма за време на контролните натпревари.
Сосема е нормално да не бидеме во најдобра форма за време на подготвителните натпревари. Она што е битно е да бидеме подготвени кога ќе почнат вистинските натпревари.
Роналдо ќе го предводи португалскиот тим на уште едно Светско првенство, а многумина веруваат дека ова би можел да биде неговиот последен настап на најголемата фудбалска сцена. Токму затоа очекувањата од него и од Португалија се огромни, но искусниот напаѓач очигледно не дозволува критиките да го оттурнат од главната цел: напад на светската титула.