Фудбал

КРАЛЕВИТЕ СО ЕДЕН „АС“ ПОМАЛКУ НА ЕЛ КЛАСИКО, А МОЖЕБИ И ДВА

Реал Мадрид скапо го плати пресвртот од 5-2 над Борусија Дортмунд, дуел кој се одигра само неколку дена пред првото овосезонско Ел Класико.

Карло Анчелоти ќе мора да ја менува формацијата, односно да се потрпе на минатосезонската тактика да играј со двајца офанзивци, а зад нив да биде Белингем.  Родриго се повреди и нема да биде дел од триото со Винисиус и Мбапе, а ќе паузира најмалку еден месец поради незгода во бутниот мускул.

Покрај Барса, Бразилецот ќе пропушти уште три меча, против Валенсија и Мајорка во Ла Лига и против Милан во ЛШ.

Сепак, поголем удар е отсуството на Тибо Куртоа. Белгискиот чувар на мрежата исто така заработи мускулна повреда и многу веројатно ќе го проследи Ел Класико од трибини. Лунин речиси сигурно ќе застане меѓу диреците во мечот против лидерот на табелата во шпанското првенство.