Фудбал

МОЖЕ ЛИ ЖЕНА ДА ГИ СКРОТИ СТРАСТИТЕ НА ВАКОВ МЕЧ?

ФИФА ќе испише фудбалска историја на мечот меѓу Костарика и Германија, од чиј исход директно зависи пласманот во елиминациската фаза на мундијалот во Катар.

За првпат во историјата, едно женско трио ќе дели правда на машки натпревар на светските првенства.

Стефани Фрапар од Франција ќе биде прв судија, додека асистенти ќе и бидат Неуза Бак од Бразил и Карен Диаз од Мексико. Ќе бидат ли на висината на задачата?