Фудбал

МОЖЕ ЛИ ДА И СЕ „ИСПЛАТИ“ НА БАРСЕЛОНА, ПОВРЕДАТА НА ГАВИ?

Фудбалерот на Барселона се повреди за време на квалификацискиот натпревар на Шпанија, против Грузија. ФИФА ќе и плаќа на Барселона по 20.548 евра за секој ден отсуство на нејзиниот фудбалер, Гави кој се повреди за време на репрезентативната должност.

За предвидените 9 месеци колку што играчот на каталонскиот клуб нема да настапува, сумата ќе изнесува околу 5 милиони евра, повеќе или помалку. Дали е ова соодветна компензација за повредата на младиот фудбалер?