Фудбал

(ВИДЕО) МЕСИ БЕШЕ СВЕДОК НА МЛАТЕЊЕТО НА БРАЗИЛСКАТА ПОЛИЦИЈА

Лионел Меси ја прозва бразилската полиција откако во вторникот вечерта Аргентина во квалификациите за Светското првенство победи против Бразил со 0:1, а впечатоците беа нарушени со насилство пред натпреварот.

Видовме како [полицијата] ги удира луѓето, тоа веќе се случи во финалето на Либертадорес, мислам на сцените на Маракана пред победата на Флуминенсе над Бока Јуниорс оваа година. Тие беа повеќе фокусирани на тоа отколку на играта.

Пред победата на Аргентина на Маракана, на трибините изби масовна тепачка додека навивачите и полицијата се судрија во шокантни сцени. Откако навивачите на Аргентина и Бразил почнаа да се тепаат, полицијата почна да користи палки, оставајќи неколку глави крвави:

Eве ја и заушката што ја доби Родриго од Меси, затоа што ги нарече Аргентинците кукавици:

Мечот беше одложен на стартот, затоа што Агентинците се повлекоа во тунелот. Некои од фудбалерите се обидоа да ги спречат полицајците да маваат по навивачите:

Бразил го загуби првиот ФИФА квалификациски меч во историјата.