Фудбал

ЛЕБРОН ГО РАСКРВАВИ, А БРАЌАТА НА ЈОКИЌ УРЛАА НА СУДИЈАТА СКОТ ФОСТЕР

За време на третиот меч од финалното соочување во рамките на Западната конференција во НБА лигата, имаше две ситуации кои беа најмалку бизарни, а се случија во релација со најдобриот судија во моментов, Скот Фостер.

Во една прилика под кошот на Нагетс, Никола Јокиќ беше во контакт со Ентони Дејвис, контакт кој се случи со нозете додека играчот на Лејкерс беше во скок кон кошот со топката во рацете, што легитимно беше оценето како фаул.

На прв поглед, бидејќи немаше контакт со рацете, никој, освен судиите чија работа е токму тоа, не го видe фаулот. Следеше челинџ, на кој „кумуваа“ и Немања и Страхиња кои бараа од тренерот на Денвер, Мајк Мелоун да го побара челинџот.

Сето ова на крајот заврши со хепиенд за фамилијата Јокиќ и за екипата на Денвер, која води со 3:0 и тешко дека (овие) Лејкерс ќе успеат да се вратат, затоа што никој досега во историјата на НБА лигата не го сторил „невозможното“.

Во јавноста, Скот Фостер е уште познат и по прекарот „Extender“, односно продолжувач, затоа што дел од фаулите кои ги суди низ кариерата се оценети како непотребни и досудени со цел да бидат продолжени плеј-оф сериите.

Пред споменатата која беше во третата четвртина, се случи ситуација во која Леброн Џејмс како брз воз налета на Скот Фостер, кој го извлече подебелиот крај и заврши со крв на усните. Но, судијата стисна заби и се врати во игра.