Кошарка

ЛЕБРОН Е МАШИНА, ЛЕЈКЕРС НЕ НАСЕДНАА НА НИВНАТА АКЦИЈА

Гламурозната франшиза од ЛА славеше против сончевата од Аризона, во престижната западна пресметка на првото издание на „ин-сизн“ турнирот на НБА лигата.

Леброн Џејмс постигна 32 поена и беше лидер на својата екипа, во триумфот против составот предводен од Кевин Дјурант, кој беше најдобар стрелец на мечот со 38 поени.

Еден момент остава белег на натпреварот, а тоа е последната акција на Феникс Санс во обидот да се доближат на само еден поен негатива на крајот на мечот:

Лејекрс не наседнаа на нивната финта која ја изиграа во корона-сезоната против Денвер. Не е првпат, Леброн и составот од ЛА да прочитаа противник, како „буквар“.