Фудбал

КОЈ ДЕФАНЗИВЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРВАТА СТОТКА?

Премиерлигата не жали пари за фудбалери, единствено Саудиска Арабија може да се справи со финансиската моќ на англиските клубови, кои сепак користат и арапски пари, што значи тоа е кругот.

Екипата која потроши 2 милијарди долари за ростер во последните 5-6 сезони, донесе уште едно засилување кое влегува во историјата на фудбалот како најскапа инвестиција во последниот ред пред голманот.

Јошко Гвардиол беше купен од Бундеслигата за 90 милиони евра, што го прави најскап дефанзивен фудбалер во историјата на фудбалот. Четири од првите 5 имиња на оваа листа, се во Англија:

Јошко Гвардиол 90 мил. (Сити)
Хари Мегваер 87 мил. (Јунајтед)
Матиас Де Лихт 85 мил. (Јувентус)
Вирџил Ван Дајк 84.6 мил. (Ливерпул)
Весли Фофана 82.5 мил (Челси)

Единственото прашање за сината екипа од Манчестер, е следново – Да не си помине хрватскиот интернационалец како најскапиот англиски дефанзивец на сите времиња?