Фудбал

ФЕРДИНAНД ГО ИЗДАДЕ – БЕЛИНГАМ БАРАЛ ГАРАНЦИИ ЗА ПРВОТИМЕЦ

Рио Фердинанд за Џуд Белингам, во епизодата „изборот на Борусија Дортмунд наместо Манчестер Јунајтед“:

Дали знаете што слушнав, тој сакал некакви гаранции да биде играч на првиот тим. Јунајтед не беше подготвен да му ги даде тие гаранции, тоа е она што го слушнав од многу добар извор.

Нему не му беа дадени гаранции дека ќе биде во првиот тим на Борусија Дортмунд, продолжи Фердинанд:

Им рекол на челниците на Јунајтед – Ја знам мојата вредност, ја знам мојата вредност и ако не ме цените како што јас се гледам себеси, ќе одам да џогирам или ќе играм во друг клуб.

На крајот на оваа делница од кариерата, Белингам е еден од најдобрите играчи на светот, во моментов и првотимец на Реал од Мадрид, најголемиот фудбалски клуб во историјата.