Фудбал

ЕВЕ ЗОШТО ТОЈ Е ФУДБАЛСКИ БОГ

Најдобриот аргентински фудбалер го отвори резултатот на тврдиот меч со мексиканската селекција, која им се закани дека ќе им го загорчи животот на гаучосите, со невидениот рововски отпор што го пружи во првото полувреме.

Аргентинците беа умртвени се додека магионичарот не реши да ги земе нештата во свои раце, тивко и мирно, како што тоа го прави во текот на целата своја кариера. Една топка, еден потег, од навидум безопасна ситуација…

Аргентина победи со 2:0, фудбалерот на ПСЖ има 8 репрезентативни гола колку што има и Марадона, пред нив е само Батистута. Победа која го остава шампионот на Копа Америка во живот на СП во Катар. Тоа е Лео Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата!