Фудбал

КОНЕЧНО: РЕАЛ МАДРИД ОВОЈ МОМЕНТ ГО ЧЕКАШЕ 181 ДЕНОВИ

Реал Мадрид веќе има два кикса во првенството и затоа заостанува шест бодови зад лидерот Барселона. Кралскиот клуб утревечер на свој терен ќе игра против Севилја, а на овој меч се очекува во тимот да биде и Едер Милитао.

Поради повреда, бразилскиот репрезентативец речиси половина година го нема во составот на Реал Мадрид. Во кратко време стоперот имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април заработи и повреда на мускулот на ногата (задна ложа), поради што мораше повторно да оди на операција.

Сега, по точно 181 денови пауза, Милитао се враќа во Реал и треба да донесе стабилност во дефанзивата на тимот предводен од Жозе Мурињо. Сепак, против Севилја тешко дека Милитао ќе биде стартер. Се очекува тој постепено да добива минутажа и да се врати во формата во која беше пред повредата.

Милитао е надвор од терените веќе шест месеци. Претходно, тој имаше и повреда на мускулот поради која отсуствуваше од декември 2025 до крајот на март 2026 година, а набргу потоа заработи уште една мускулна повреда. Ако на ова се додаде фактот дека ги пропушти речиси цели сезони 2023/24 и 2024/25 поради проблем со коленото, јасно е дека медицинскиот тим на клубот мора да биде претпазлив.

Во текот на неговите први три сезони во Реал. по доаѓањето во летото 2020 година, Милитао играше речиси без престан и немаше повреди, но сериозните проблеми започнаа во летото 2023 година. Според информациите, Мурињо е воодушевен од неговите настапи на тренинзите и со нетрпение очекува тој да ја преземе улогата на лидер во одбраната.