ЈУНАЈТЕД ГО НАЈДЕ НОВИОТ ШЕФ НА ОДБРАНАТА ОД ТОТЕНХЕМ?
Објавено на: 06.06.2026
Манчестер Јунајтед подготвува еволуција во тимот како би бил конкурентен за битка за врвот во Англија и настап во Лигата на шампионите, а како главна мета во одбраната се зборува за Кристијан Ромеро.
Според шпанските медиуми, клубот од Олд Трафорд веќе му понудил атрактивен договор на аргентинскиот дефанзивец, а како дополнителен адут му ветил и улога на лидер на одбраната во новиот проект на клубот.
Ромеро веќе подолго време се поврзува со заминување од Тотенхем, но овојпат ситуацијата изгледа посериозна од кога било. Според информациите, раководството на лондонскиот клуб е подготвено да ги разгледа понудите за Аргентинецот доколку биде исплатена сумата што ја бара.
Наводно, Тотенхем би прифатил понуда од околу 65 милиони евра, односно приближно 56 милиони фунти.
Односите меѓу клубот и Ромеро дополнително се влошиле по контроверзната ситуација пред последниот натпревар од сезоната. Додека Тотенхем водеше жестока битка за опстанок во Премиер лигата, Аргентинецот отпатувал во својата татковина за да го следи натпреварот на неговиот матичен клуб Белграно против Ривер Плата.
Таквиот потег предизвикал незадоволство кај челниците на Тотенхем, кои потоа извршиле притисок врз него да се врати во Англија и да биде со тимот во клучниот момент од сезоната.
Во меѓувреме, Тотенхем веќе работи на потенцијални замени. Клубот го обезбеди доаѓањето на Маркос Сенеси без обештетување, а подготвува и нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Јан Пол ван Хеке.
Сето тоа дополнително ги засилува шпекулациите дека Ромеро навистина би можел да го напушти северен Лондон ова лето, а Манчестер Јунајтед е подготвен да ја искористи ситуацијата.