Фудбал

ТОЛКУ БЕШЕ ОД ЛИОНЕЛ МЕСИ ЗА 2026 ГОДИНА (ВИДЕО)

Актуелниот првак  во МЛС шампионатот, Интер Мајами е елиминиран уште во првата рунда од плејофот, откако во драматичен меч со 1:0 загуби од Колумбус Кру. Интер Мајами и дома беше поразен од Колумбус со убедливи 0:3, а ако се знае дека во МЛС плејофот се игра до две добиени средби, тоа значеше и крај на сезоната за актуелниот шампион.

Клучниот момент на мечот се случи во судиското надополнување кога по еден центаршут, уругвајскиот напаѓач Сантијаго Родригес одлично смири една топка и од непосредна близина ја затресе мрежата на Интер Мајами за огромна радост кај домашните навивачи.

Меси кој беше играч со најмногу голови и асистенции во сезоната, едноставно беше немоќен да ја сопре елиминиацијата на Интер Мајами, кој беше во улога на бранител на тронот. Ова е втор пат во последните три сезони Интер Мајами да биде елиминиран во првата рунда од плејофот.